Луѓе, Македонија е мало место и тешко за нас обратните реално. 30та година е недалеку од мене и веќе размислувам за фамилија (свесен дека шансите да ја имам се многу мали). Сум пробал со девојки но не можам себе си и друг некој да правам будала, со сила убавина не бидува.
Што мислите, има ли шанси да најдам жена/девојка која исто така е геј или би, и е спремна да го закопа стариот живот и да почне нов? Да се фокусира на фамилија/дете? Не сакам да водам двоен живот, сакам остатокот од животот на Земјава да го поминам со жена (со отворени карти) и дете.