▲ 4 r/askmkd
Преку апликацијата на тутунска се обидов да сменам пакет за да можам да праќам пари на мобилен. Кога пак добив "немате привилегии за потпишување" се вратив кај подесувања на пакети да видам дали е активиран - не е, па кога пробав пак известувањето беше дека "промена на пакет може да се врши само еднаш месечно" а овде очигледно нели нема извршено промена.
Дали некој имал ваков проблем? Има ли логична причина активирање на пакет *од мобилна апликација* да е достапно единствено во работни денови или во филијала?
Дали ако сум надвор од земјата ме заглавуваат со овој проблем иако сум редовен примател на плата во банката?
Пс
Среќен ден на трудот на сите оние кои се трудат
u/Melodic-Emu4609 — 13 days ago