Филозофирање за работа
Почетник сум во корпоративна средина и не можам да се навикнам што луѓето се фејк и ми се чини дека поголема е шансата на некој да му сметаш отколку да те почитува (веќе не фантазирам дека можам да најдам луѓе на работа со кои ќе се спријателам). Луѓе со години што работат не си прават муабет (мада тоа е секаде со braindead GenZ), а за нови што доаѓаат, секогаш почесто се дефанзивни, спремни за трчарење и како да ти прават психолошки профил отколку да сакат да се запознаат, да се здружат, да те прифатат. Да не збориме ако си девојче што физички е поубаво или сака повеќе да се средува - одма е поразличен односот кон неа (во негативна смисла). Ко со сила да сакаат да има тензија и да не може се да функционира на начин пријатен на сите (барем колку што е можно). Ако се муабети, најчесто е време, храна, места за излегување и спорт и потоа во круг. Дали некој има поразлично искуство и дали некој знае која е причината позади ова? Можеби некој совет што можеби нешто грешам или погрешно пеципирам?