Купувате ли AI книги?
Ме интересира која е целната публика на полуписмениве квази автори кои на минати постови на друштвени мрежи имаат по 20 печатни и правописни грешки, но сега магично во последните два-три месеца стануваат автори на романи, а особено на сликовници?
Па не дај Боже да се плати илустратор или дизајнер на корица. Лектор во ниеден случај. А тука се и AI преводите што можете да ги забележите во скорешни изданија.
Мислат дека пиеме нафта или дека делиме иста интелигенција со нив, па нема да забележиме?