Совет за работа
Здраво на сите. Сакам да прашам за мислење/совет.
Работам како девелопер 3 години, со 1000 евра плата во фирма каде што знам дека нема да имам напредок/покачување со скоро време. Фирмата е многу лоша, огромен притисок секој ден, стрес, deadlines, само ми даваат нови обврски со муабети "докажи се, работи и ќе бидеш награден“ а кога ќе дојде време за покачување секогаш наоѓаат некоја рачка, измислени "финансиски проблеми". Последна промена е што немаме веќе никакви перформанс reviews па немора ни со изговори да се замараат. Со овај стрес и измореност од работа последниве 2 години, би си заминала и како касиерка во кам да се пробам. Барам друга работа во Македонија подолго време, но засега без успех.
Имам можност да заминам во странство, каде најверојатно би почнала со работа од тип warehouse/McDonalds., па од таму да се префрлам во IT. Имам и пријатели кај кои би можела да живеам додека се снајдам, само ми треба работа што би ме спонзорирала за виза.
Прашањето ми е: дали мислите дека е ненормален чекор да напуштам програмерска работа за вакво нешто? Со оглед на тоа дека цела ИТ сфера е катастрофа моментално, страв ми е дека ќе си ја убијам кариерата како програмер. Преживеав две отпуштања на девелопери на работа, смеа ме фаќа дека би си заминала за flipping burgers.
Ви благодарам, секој совет е добредојден.