Зошто сте против вакцини?
Овие денови на Инстаграм и ФБ се повеќе и повеќе ми излегуваат револтирани мајки со револтирани статуси каде јасно искажуваат дека се против вакцините. Наводно тоа било отров и требало да се воведе закон за бирање дали сакаш да се вакцинираш или не.
Зошто? Која е причината да сте против вакцинација? Имате видено случај на тетанус, како умира човек? Да не ги зборам другите болести. Плус, не се за џабе измислени, еве можам да претпоставам дека добри 95% од тука сме вакцинирани. Мислам, ако не умреш од ваквцината можеш да ја закачиш болеста против која не сакаш да се вакцинираш, која ви е логиката? Па и не сакаат новороденото да прима К витамин, свесни сте што правите?