Здраво дечки, сакам да почнам со работа со курирска услуга во Скопје. Читам многу лоши коментари по google reviews, fb и ig за многу лоша услуга и спора достава. Каснење со враќање на откупот, изгубени пратки, вратени пратки до праќачот без никакво известување до примачот и тн. и тн. Верувам дека има простор за подобра и побрза услуга во Скопје со пратки доставени во исти од врата до врата. Имам неколку прашања до вас и би ви бил многу заблагодарен за одговори и за вашата помош.
Дали некој од вас има возено за карго/брза пошта/курир?
Колку пратки од прилика дневно се доставуваат во 8-10 часа возење?
Дали вие би користеле нова, локална курирска служба?
Ако би користеле колку мислите дека е фер да платите за вашата пратка/пакет/производ да биде доставен/а истиот ден и ако е со откуп, парите да ви бидат донесени во помалку од 24часа?
Ова звучи како анкета, знам, но, секој одговор, споделено искуство би ми било од помош.
Ви благодарам!