u/AssociationFinal8305

▲ 25 r/mkd

Здраво дечки,

Само што ми заврши екскурзијата во трета година во Италија. Сакав да кажам неколку работи околу агенцијата БАЛКАН ФУН и средните школи, што ја плативме 18.600 илјади денари.

Немам ништо против никој само сакам да кажам колку пари се перат преку ваквиве “проекти” а што се добива:

  1. Премногу лоша организација околу тргнување и времето.

- Кажано ни беше да тргнеме во САБОТА во 14:00 во најголемата гужва во Скопје. Поради касното тргање и нелогичните попатни паузи дојдовме на хрватска граница многу касно и заглавивме 8 часа. Поради тоа добивме многу кратко време за шетање во Љубљана и Трст ( околу 30минути само ).

  1. Автобусите беа ХАОС - клима некогаш немаше и беше претопло, а кога имаше дуваше од секоја можна дупка.

  2. Организација на хотелот - 0/10

Сместени бевме во 3 Хотели, кој што беа океј ама организацијата прелоша. Едната група од едниот хотел излагаат во градот Лидо Ди Јесоло до 8 часот сабајле - други ги држат како затворнеици. Исто така персоналот беше премногу нервозен и крајно непрофесионален, на секој втор се истураа и не беа органзирани меѓу себе.

  1. Организација на журка - Понуда 2 журки во Клуб 50 евра со безалкохолна пијачка. Првата вечер клубот откажан а вториот клубот беше реализиран ( на пола ).

Тоа е што е, на крај крајева не е агенцијата крива - сепак дружбата беше добра 😀

reddit.com
u/AssociationFinal8305 — 15 days ago