Здраво, корисник сум на семејна пензија од починат родител и ме интересираат некои информации или искуства од некој што е(бил) во слична ситуација на мојата. Моментално сум студент и имам право да ја земам пензијата до 26 години со услов да студирам и до таа 26 година.Пред еден месец почнав со работа за странска фирма но немам стапено во официјален работен однос со истата(несум нигде пријавен дека работам, несум осигуран и тн.) Ќе добивам приливи на девизна сметка секој месец кои нема да се водат(цел на дознака)како плата туку само уплати од фирмата за кои подлежам да плаќам данок во УЈП. Знам дека еден од условите за губење на пензијата е влегувањето во работен однос, кој јас никаде не стои дека го остварувам. Дали подлежам на губење на семејната пензија поради ова? Познавам случаеви каде луѓе со оваа пензија вадат студентски визи и одат легално на работа во странство,ги даночат парите што ги заработуваат и не го губат правото на пензија.
u/Additional-Intern-21
▲ 7 r/mkd
u/Additional-Intern-21 — 12 days ago